Полскиот репрезентативец Патрик Валчак и во следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар.
Валчак дојде лани од германскиот Либек и потпиша договор на 1+1, а сега е активирана и втората година од договорот.
Тој ги оправда очекувањата, иако впечаток е дека може да биде искористен уште повеќе во двата правци.
Во Лигата на шампионите постигна 11 погодоци, а најмногу од нив против ПИК Сегед на домашен терен (четири). Во регионалната СЕХА лига играше на два меча и даде еден погодок.
Покрај Валчак, од следната сезона уште еден полски репрезентативец би требало да дојде во Вардар, а станува збор за левото крило Јан Чувара.