После денешната седница на УО на РФМ стана јасно дека Македонија нема да има шампиони за сезоната која беше прекината поради коронавирусот.
Според ова резултатите се поништени, а веќе е познато каков е распоредот на тимовите за европските купови.
Како што стојат работите во новата сезона Супер машката лига ќе биде побројна. Две екипи нема веќе да играат, а тоа се вторите тимови на Вардар и Металург односно Вардар јуниор и Металург 2 кои се селат во Првата лига.
Затоа, пак, на оние осум тимови кои остануваат во лигата ќе им се придружат составите на ГРК Тиквеш, Астраион, Прилеп, КЛ7, Младост Богданци и Јуниор Кисела вода. Лигата ќе брои 14 екипи, а Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се придружат за плеј-офот.
Сезоната ќе се одвива во две групи, а најдобрите три од двете групи ќе се пласираат во плеј-офот каде што ќе се придружат тимовите од СЕХА лигата.