Редакција -24Ракомет-
Оглас за позиција маркетинг специјалист
Специјализираниот спортски портал 24Ракомет (www.24rakomet.mk) има потреба од маркетинг специјалист кој ќе го преземе раководењето со секторот маркетинг во 24Ракомет.
Идеалниот кандидат треба да ги исполнува следните услови:
- Работно искуство во областа на маркетинг (агенциско искуство ќе се смета за предност).
- Солидно познавање на интернет околината и сите можности за рекламирање која таа ги нуди.
- Изграден однос со маркетинг агенти, медиа планери или потенцијални нови клиенти.
- Способност за создавање на мрежа клиенти и создавање ново портфолио огласувачи.
- Комуникација и одржување на добрите односи со ВИП клиенти (долготрајни закупувачи).
- Изготвување на извештаи на неделно, месечно, годишно ниво или по завршување на соодветна кампања.
- Следење на аналитика и статистика како алатка за подобрување на видливоста на брендот.
- Следење нови трендови на рекламирање.
- Комуникативност и самоиницијативност.
Вашите кратки биографии со податоци за контакт испратете ги на [email protected] или [email protected].
Повеќе за веб порталот www.24rakomet.mk
24Ракомет (www.24rakomet.mk), е кулминација на напорна работа и решителност на колектив која дели истата приказна. Повеќе од 15 години, страст и посветеност кон ракометната игра е причината за започнување на овој проект. Повод, недостаток на специјализирани интернет страници на македонски јазик кои целосно се посветени на овој спорт. Желбата за задоволување на потребите на читателите, влубеници во ракометот се наш приоритет. Недостатокот од вести и новини поврзани со секојдневните ракометни случувања се главна мотивација за нашиот тим, а уникатноста на содржините кои ќе се обработуваат e целта кон која сме насочени.
Многу љубов, труд, желба и малку среќа ја опишуваат судбината на овој портал, прв сериозен веб-портал посветен целосно на ракометот чие седиште се наоѓа во најракометниот град во светот, Скопје, во земја каде што ракометот е бр.1 спорт.