Тимот на Младост Богданци практично го обезбеди учеството во разигрувањето за место во Суперлигата, откако славеше против Борец, а Преспа загуби кај Јехона.
Богданчани во второто полувреме го скршија отпорот на велешки Борец, кој се покажа како жилав противник во првиот дел кога беше 14-12.
Во вториот дел сепак доминираше домаќинот кој на крајот победи убедливо со 30-21. Со овие три бода Младост сега има 21 бод и на четири кола до крајот на регуларниот дел е на чекор до плеј-офот.
Во следното коло тимот од Богданци ќе гостува во Скопје кај тимот на КЛ7.