Капитенот и селектор на македонската репрезентација, Кире Лазаров, деновиве е во центарот на вниманието на европската ракометна јавност.
Тој собори неколку рекорди во Лигата на шампионите, а со Нант обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Лазаров во интервју за „Ouest France“ вели дека победата над Келце е заслужена.
„Духот и ентузијазмот кој ми го дава Нант ми помогна да се развивам. Токму тоа ни помогна да го елиминираме и Келце, кој беше еден од фаворитите за висок пласман во Лигата на шампиони. Испишавме историја, иако никој не очекуваше такво нешто од нас. Заслуживме да победиме против полскиот тим. Секогаш имам високи цели и ги сакам големите предизвици. Рекордите се резултат на напорната работа и можам да кажам дека сите успеси кои ги постигнав се заслужени“, вели Лазаров.
Нант во четвртфиналето од ЛШ ќе се сретне со унгарскиот Веспрем, па јасно е дека еден Македонец ќе игра во Келн – Лазаров или Манасков.