Ракометарките на Куманово остварија лесна и рутинска победа од 34:16 против Гевгелија во натпревар од четвртфиналните групи во Купот на Македонија.
Гевгелија успешно парираше само во почетните минути од натпреварот, поведоа со 3:1 а потоа и со 5:3, но потоа фаворитот ја презема контролата на играта и рзултатот и доминираше до крај на мечот.
Следуваше серија на кумановки од 9:0 после која беше решен победникот уште во раната фаза. Фаворитот продолжи да ја зголемува предноста и на полувреме имаше двоцифрена разлика 17:7.
И второто полувреме не донесе ништо ново на теренот, Куманово постојано го зголемуваше водството. До крајот на натпреварот без многу напор ракометарките на Куманово стигнаа до победата и се чекор поблиску до фајнал-форот.
ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО 16:34 (7:17)
Сала: 26-ти Април во Гевгелија. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Ѓорѓи Дучков.
ГЕВГЕЛИЈА: Басова, Мандалова, Шуклева, Митревска 3, Динева, Димова, Живсковска 2, Јанчева 1, Горковска, Шутева 1, Петрова, Петковска 2, Танева, Митрова 7.
Седмерци: 2/3. Исклучувања: 12 мин.
КУМАНОВО: Пецанова 1, Трајковиќ 6, Ивановска 2, Боризовска 4, Шарановиќ 7, Чокели 4, Јанкуловска 4, Кипријановска 4, Митровиќ, Џакмиќ 1, Краљевска, Цветановска, Н.Краљевска 1, Бечирхоџиќ, Паскал, Димитриевска.
Седмерци: 4/4. Исклучувања: 10 мин.