Во женската Лига на шампиони дерби натпреварот од групата А го одиграа екипите на Мец и Кристијансанд, а гостинките од Норвешка за кои ова беше старт на пеколни 12 дена дојдоа до победа од 29:28.
Кристијансанд имаше водство во најголемиот дел од натпреварот, но Мец постојано беше во игра со заостанување од еден или два гола. Во првото полувреме во неколку наврати домашните стигнаа до израмнување, но сепак имаа негатива на полувреме од 11:13.
И вториот дел продолжи во ист ритам, Рејстад и Мерк го одржуваа водството на Кристијансанд сè до средината на првиот дел. Мец во 44. минута стигна до првото водство на натпреварот со серија од три гола и имаа предност од 22:21. Следуваше игра гол за гол, но многу брзо гостите ја вратија позитивата во своја корист.
Завршницата беше доста интересна, а Мец имаше свои шанси да стигне барем до бод на овој натпревар иако губеше со три гола во 58. минута. Сајка намали на 27:29, потоа Канол имаше контра за минус еден на минута до крајот, но не успеа да погоди за драматична завршница.
Најефикасни во составот на Мец беа Нгуан и Канор со по шест погодоци, додека во екипата на Кристијансанд прв стрелец беше Нора Мерк со осум гола, а веднаш зад неа Реистад погоди седумпати. Кристијансанд и понатаму останува без пораз од седум натпревари и се искачи на третата позиција на табелата. Мец останува на втората позиција, но со четири меча повеќе од денешниот противник.