На денешните тестирања пред натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона, се појавија два позитивни случаи во унгарскиот првак Веспрем.
Станува збор за играчот Патрик Лигетвари и уште еден член на стручниот штаб, па цела екипа замина во превентивна изолација.
Заразени ќе мораат две недели во карантин, додека останатите по добивање на два негативни теста ќе може да се вратат на обврските.
Следен тест ќе биде направен в четврток, а Веспрем веќе ја извести ЕХФ и дерби дуелот со Барселона што требаше да се игра в четврток ќе биде одложен.