Новиот суперлигаш КЛ7 по поразот од Еурофарм Пелистер 2, забележа победа над прволигашот Аеродром.
Избраниците на Аднон Бошковски водеа по првиот дел со седум голови разлика, 15-8, а предноста ја задржаа до самиот крај, 30-23.
Аеродром како и вчера, така и денес загуби уште еден натпревар со ист резултат.
Денеска КЛ7 ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Прилеп од 18:00 часот, додека Аеродром утре го чека нова контрола против Струга од 19:30 часот.