Машката сениорска репрезентација на Македонија дефинитивно ќе биде во третиот шешир при ждрепат за Европското првенство кое од 13 до 31 јануари следната година ќе се одржи во Унгарија и во Словачка.
Денеска ЕХФ ги потврди најавите на 24Ракомет откако го објави рангирањето така што Македонија за противници нема да може да ги добие селекциите на Чешка, Словачка, Франција, Белорусија и Исланд. Голема е веројатноста дека ќе се најде во група која ќе се игра во Унгарија бидејќи Чешка и Словачка веќе ги имаат добиено своите места од третиот шешир во групите Е и Ф.
Според шеширите во првиот се носителите Хрватска, Шпанија, Словенија, Германија, Португалија и Норвешка. Од нив Хрватска е во групата А во Сегед, Словенија во Дебрецин во Групата Ц, а Германија во групата Д во Братислава.
Вториот шешир веќе има една селекција која е сместена во групите, а се работи за Унгарија. Домаќинот ќе игра во Групата Б во Будимпешта. Другите пет репрезентации ќе чекаат да видат каде ќе играат за време на ждрепката. Во овој шешир се најдоа Србија, Русија, Шведска, Данска и Австрија.
Македонија, Белорусија, Исланд и Франција ќе чекаат да видат каде ќе играат, а опциите им се од А до Д групата односно Сегед, Будимпешта, Дебрецин и Братислава. Во Братислава има две групи, а во едната е веќе сместена Чешка, додека Словачка е во Групата Ф во Кошице.
Останува шеширот 4 во кој се најдоа Холандија, Црна Гора, БиХ, Полска, Украина и Литванија.
Ждрепката ќе биде извршена в четврток со почеток во 17 часот.
Македониja e близу до „унгарска“ група, мали се шансите да игра во Словачка (ФОТО)