После двете победи во првите две кола на ЕХФ шампионатот во Литванија, репрезентативките на Македонија денеска го имаат третиот дуел, а ривал е селекцијата на Шпанија. Ова може да биде пресметка за првото место во Групата А што може да отвори убава шанса и за финалето.
Составот на Македонија е ист како и за првите два дуели, па тимот што победува добива нова шанса за победа.
Средбата почнува во 16 часот, а судии на овој натпревар се Бјарки Босон и Гунар Густафсон од Исланд. Делегати се Урмо Сици од Естонија и Јиржи Конечни од Чешка.
Натпреварот ќе можете да го гледате на следниот ЛИНК.
*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.