На почетокот на оваа година Кадетен Шафхуазен остана без услугите на капитенот Дмитри Кутел, кој се бори со рак.
Ракометните битки, тој ги замени со битки против лошата болест, а ја има поддршката од соиграчите, клубот, швајцарската јавност…
Швајцарските репрезентативци во текот на Светското првенство во Египет, головите ги прославуваа во чест на Кутел, а неговите клупски соиграчи отидоа чекор напред.
Најголем дел од нив пред натпреварот со Рајн Некар Левен од Лигата на Европа ги избричија главата во знак на поддршка кон Кутел. Убав гест…