На првиот натпревар сезонава на домашен терен во Лигата на шампионите ракометарите на Вардар на 24 септември ќе играат против тимот на Елверум. После денешните добри вести јасно е дека на овој натпревар ќе има публика, а се очекува на трибините да има 1.000 гледачи.
Олабавувањето на мерките е знак дека вардарци можат да продаваат влезници и да наполнат максимум 30 проценти од капацитетот, но во случај тоа да не е повеќе од 1.000 гледачи.
Оттаму на овој дуел против тимот од Норвешка ќе има максимум 1.000 фанови кои ќе можат да седат исклучиво на местата кои ќе бидат обележани. Тоа го налага новиот протокол така што ќе мора и средбите од домашното првенство, но и натпреварите од европските купови да бидат организирани стриктно според правилата.