Вардар има одлични фудбалери меѓу ракометарите (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар тргнаа со подготовките за новата сезона. Тие веќе го одработуваат првиот тренинг, а на истиот на стартот ги покажаа и фудбалските вештини.

Дефинитивно и меѓу ракометарите има одлични фудбалери, па тука би можеле да „пазаруваат“ и во фудбалскиот клуб. Доколку има потреба од одредени засилувања можат одвреме навреме да позајмат некој играч и да помогне во новиот шампионат.

Како изгледаше на првиот тренинг на Вардар можете да погледнете во продолжение во видеото објавено на Фејсбук профилот на Вардар.