Екипите на Вардар и Загреб денеска ќе се соочат во ново полуфинале во СЕХА и ќе играат по деветтипат на завршните турнир. На секој Ф4 турнир досега тие играле едни против други. Имаат четири полуфинални пресметки, три финални и една за 3. место.
Ова ќе биде практично петтата полуфинална пресметка, а во нив Вардар води со 4:0. Вардарци никогаш не биле поразени од Загреб во полуфинале така што ова е предност. На осум дуели Вардар има шест победи, а Загреб две од кои една беше после продолженија.
Загреб победи само во Скопје во 2013 година на вториот Ф4 турнир кога после 21:21 во продолженијата успеа да дојде до подобар резултат и да се избори за единствената титула. Втората победа беше во 2015 година на турнирот во Веспрем кога во дуелот за 3. место обезбеди победа до 26:23.
Освен полуфиналето во 2014 година во Нови Сад кое заврши со убедливи 30:22 сите други средби беа со тесен резултат и имаше голема неизвесност каква што се чека и денеска.
ДУЕЛИТЕ НА ВАРДАР И ЗАГРЕБ НА Ф4 ВО СЕХА
14 АПРИЛ 2012 (ЗАГРЕБ, 1/2 ФИНАЛЕ)
ВАРДАР – ЗАГРЕБ 30:29
Додер 6 – Хорват 7
13 АПРИЛ 2013 (СКОПЈЕ, ФИНАЛЕ)
ВАРДАР – ЗАГРЕБ 24:25 пр. (21:21)
Карачиќ 5 – Степанчиќ 7
11 АПРИЛ 2014 (НОВИ САД, 1/2 ФИНАЛЕ)
ВАРДАР – ЗАГРЕБ 30:22
Карачиќ 8 – Вуглач 6
29 МАРТ 2015 (ВЕСПРЕМ, ЗА 3. МЕСТО)
ВАРДАР – ЗАГРЕБ 23:26
Марковиќ 5 – Брозовиќ 5
1 АПРИЛ 2016 (ВАРАЖДИН, 1/2 ФИНАЛЕ)
ВАРДАР – ЗАГРЕБ 26:24
Манасков 6 – Хорват 6
7 АПРИЛ 2017 (БРЕСТ, 1/2 ФИНАЛЕ)
ВАРДАР – ЗАГРЕБ 36:28
Чупиќ 8 – Хорват 8
15 АПРИЛ 2018 (СКОПЈЕ, ФИНАЛЕ)
ВАРДАР – ЗАГРЕБ 26:24
Циндриќ 5 – Хорват 8
3 АПРИЛ 2019 (БРЕСТ, ФИНАЛЕ)
ВАРДАР – ЗАГРЕБ 26:23
Кристопанс 7 – Мраковчиќ 4