Во 15. коло од Бундес лигата екипите на Кил и Рајн Некар Левен го играа дербито на колото, во кое Кил славеше убедливо со 32:23.
Покрај овој дуел се одиграа уште неколку средби на кои фаворитите стигнаа до победа. Дербито не ги оправдаа очекувањата, а за тоа беше „виновна“ екипата на Филип Јиха која одигра одлично и му нанесе висок пораз на ривалот за највиосок пласман.
Кил од почетокот беше во водство и ја диктираше играта, најчесто беше три предност. Рајн Некар успеа да дојде на минус еден, но со нова серија Кил на полувреме имаше водство од 15:11. Во второто полувреме продолжи доминацијата на Кил, а во финишот имаа и највисоко водство од 11 гола и многу лесно освоија нови бодови.
Никлас Екберг беше перфектен со девет гола од исто толку обиди, Рајнкинд и Фојгт погодија по седумпати. Во составот на Рајн Некар, Уве Генсхајмер беше најефикасен со седум гола, додека Грецки даде пет гола. Паличка имаше добра партија со 11 одбрани.
Кил ја продолжи победничката серија и се наоѓа на втората позиција со еден бод помалку од водечкиот Фленсбург и натпревар помалку со шанси да го преземе првото место пред паузата.
На останатите натпревари Нордхорн славеше над Балинген со 29:27 и избега од опасната зона, додека Бергишер немаше проблеми да го совлата тимот на Есен со 35:29. Хановер на Кузмановски беше убедлив против Лемго со 31:23
БУНДЕС ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 15. КОЛО
КИЛ – РАЈН НЕКАР 32:23 (15:11)
ХАНОВЕР – ЛЕМГО 31:23 (16:12)
НОРДХОРН – БАЛИНГЕН 29:27 (15:12)
БЕРГИШЕР – ЕСЕН 35:29 (17:13)
ТАБЕЛА: 1. Флензбург 23 бода (13 натпревари); 2. Кил 22 (12); 3. Рајн Некар 21 (14); 4. Фуксе Берлин 19 (12)…