Десниот бек на Магебург и на исландската репрезентација, Омар Игни Магнусон, ќе го пропушти Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска.
Тој се повреди на бундеслигашкиот натпревар против Битигхајм и според лекарските прогнози ќе паузира околу три месеци.
Станува збор за повреда на скочниот зглоб, која не е премногу сериозна, но ќе го спречи еден од најдобрите светски ракометари да игра на СП 2025.
Исланд е во група со Словенија, Куба и Зеленортските Острови, па нема да има проблеми околу пласманот во главната рунда.