Заврши групната фаза во ЛЕ: Македонија со еден претставник во ТОП 16

Вечерва беше комплетирано последното коло од групната фаза во Лигата на Европа, по што се познати сите патници во главната фаза, односно во ТОП 16.

Како што е познато, македонскиот вицепрвак Вардар, и покрај победата над Мелсунген со 32-30, не успеа да дојде до посакуваното второ место во својата група.

Сепак, Македонија ќе има претставник во второто по ранг европско клупско натпреварување во името на репрезентативецот Филип Талески.

Нашиот репрезентативец заедно со Бенфика на шест натпревари остварија пет победи, загубија само на денешниот дуел со Лимож.

Бенфика на Талески, освен Лимож, за ривали во групната фаза ги имаше уште Кадетен Шафхаузен од Швајцарија и Татран Прешов од Словачка.

Од поранешна Југославија единствен претставник ќе биде актуелниот шампион на Србија, Војводина, која го освои второто место во група со Кил, Торелавега и Нексе.

Лига на Европа, 6. коло, резултати
Констанца – Хобри 26-32
Кадетен – Прешов 39-26
Кил – Војводина 37-35
Луцерн – ГОГ 32-30
Лимож – Бенфика 36-28
Савехоф – Гумерзбах 25-28
Татабања – Сесвете 28-25
ФХ – Тулуз 25-29
Фленсбург – Карвина 36-33
Горење – Адемар 28-25
Монпелје – Гранољерс 34-25
Нексе – Торелавега 27-27
Порто – Валур 37-29
Вардар – Мелсунген 32-30
Забже – Силкеборг 25-25