Тимот на Загреб без многу проблеми го освои трофејот во Купот на Хрватска, откако во финалето на Ф4 турнирот во Ријека триумфираше над Сесвете со 27:19.
Избраниците на Андрија Николиќ финалниот дуел со Сесвете го одработија според планираното и не дозволија ривалот да се надева на било каков отпор.
Екс ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, го доби признанието за најкорисен играч, односно за МВП на Ф4 турнирот.
Левото крило во финалето постигна седум погодоци, додека во полуфиналниот дуел против Спачва Винковци имаше шест реализации.
За најтрофејниот хрватски клуб освоениот Куп трофеј во Ријека беше 30-ти, а освен Загреб, во независна Хрватска уште само Метковиќ го има освојувано Куп трофејот.
Метковиќ Куп трофејот во Хрватска го освојуваше двапати по ред, во сезона 2000/01 и сезона 2001/02.