Со натпреварот меѓу Нант и Забже, односно Рајн Некар и Хановер, беше комплетирано 2. коло во главната фаза во Лигата на Европа.
Тимот на Забже, кој во претходното коло направи сензација со победата над Рајн Некар, денеска загуби од Нант со 31:23.
Францускиот тим уште во првиот дел ја оправда фаворитската улога и не дозволи гостинот да има било какви шанси за евентуално изненадување.
Рајн Некар и Хановер одиграа возбудлив натпревар, во кој имаше многу пресврти и голема борба.
По 60 минути игра, „лавовите“ успеаја да триумфираат со 27:26 и успеаја да излезат од резултатската криза.
Најзаслужен за триумфот на Рајн Некар беше голманот Давид Шпат, им одбрани на гостите дури 20 удари, дел од нив беа во моментите кога неговиот тим правеше камбек.
Лига на Европа – главна фаза, 2. коло, резултати:
Група А
20:45 Рајн Некар – Хановер 27:26 (11:13)
20:45 Нант – Забже 31:23 (17:11)
Група Б
Горење – Нексе 27:27 (13:15)
18:45 Савехоф – Скјерн 27:29 (12:13)
Група Ц
18:45 Војводина – Фленсбург 26:36 (13:14)
Силкеборг – Кадетен 36:30 (17:15)
Група Д
Букурешт – Констанца 33:23 (16:10)
Фуксе – Спортинг 31:32 (19:13)
Фленсбург победнички во Нови Сад, Нексе одигра само реми кај Горење