Селекторот на машката репрезентација на Црна Гора, Дидие Динар, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Подготовките почнуваат на 26 декември со 21 ракометар, меѓу кои ќе биде и левиот бек од Вардар, Вуко Борозан, кој се враќа во националниот тим по една година пауза, откако пропушти дел од квалификациските средби поради замор.
Покрај Борозан, Динар ќе смета на Милош Вујовиќ, Мирко Радовиќ, Стефан Чавор, Милош Божовиќ, Бранко Вујовиќ, Радојица Чепиќ…а поради повреди отпаднаа голманите Никола Матовиќ и Небојша Симиќ.
На поширокиот список на Динар беа уште двајца од македонското првенство – средниот бек Владан Кастратовиќ од Прилеп и десното крило Балша Чејовиќ од Тиквеш.
Црногорците ќе одиграат две пријателски средби против Босна и Херцеговина пред континенталниот собир, а на ЕП ќе бидат во група со Словенија, Швајцарија и Фарски Острови.



























