Според пишувањата на српскиот портал Моцарт Спорт, левото крило Ахмед Сеса, најверојатно ќе ја продолжи својата кариера продолжи во Бундес лигата.
Иако за репрезентативецот на Египет имаше интерес од Динамо Букурешт, сепак, тој ќе го носи дресот на Вецлар.
Како што е познато, бундеслигашот од ова лето ќе биде предводен од поранешниот репрезентативецот на Србија, Момир Илиќ.
Сеса имаше одличен настап на Светското првенство 2025, но сепак, не успеа да го покаже својот потенцијал во дресот на српскиот шампион, особено на натпреварите во Лигата на Европа.
Египѓанецот во клубот од Нови Сад пристигна на почетокот на оваа сезона и со српскиот клуб има едногодишен договор.