Српскиот вицепрвак Војводина поради финансиските проблеми продаде дел од најдобрите ракометари, а донесе замени кои не се толку звучни.
Десното крило Вукашин Воркапиќ што требаше на лето да дојде во Вардар, се пресели во Скопје на полусезоната, па тимот од Нови Сад ја пополни празнината.
На неговото место во Војводина ќе игра Лука Лазиќ, кој доаѓа од тимот на Кикинда каде беше меѓу најдобрите стрелци.
Покрај Воркапиќ, Војводина во овој преоден рок се откажа и од средниот бек Стефан Додиќ, кој се пресели во Веспрем, како и од Жоао Педро Да Силва, кој исто како и Воркапиќ дојде во Скопје.

























