Во Бугарија стартува битката за ЕП 2028

Најслабите четири европски селекции ќе играат во претквалификациите за ЕП 2028 кои ќе се играат турнирски и се закажани од 10 до 12 јануари.

Бугарија, Велика Британија, Малта и Кипар на квалификациски турнир во Варна ќе се борат за местото кое води во „меѓу фазата“ од квалификациите.

Таа фаза ќе се игра во јануари 2026 година, а прво и второпласираната селекција од турнирот, ќе настапат најниско рангираните селекциите од квалификациите за ЕП 2026, како и најдобрите европски селекции од ИХФ шампионатот за земји во развој.

Квалификациите за ЕП 2028 година што ќе се игра во Швајцарија, Шпанија и Португалија ќе се одвиваат во 2026 и 2027 година.

Натпреварите од ЕП 2028 ќе се играат во Мадрид, Малага, Валенсија во Шпанија, Цирих и Базел во Швајцарија, како и Лисабон во Португалија, а завршниот викенд е планиран во Мадрид.