Македонскиот репрезентативен голман и актуелен чувар на мрежата на Вардар, Мартин Томовски по три години минати во „црвено-црниот“ дрес се враќа во Германија, земјата во која досега го имаше единствениот интернационален излез.
Во иднина тој ќе ги брани боите на Потсдам, но во пресрет на повторниот бундеслигашки настап тој се потсети за тоа како добил нови погледи за ракометот при првиот настап на германско тло.
„Паметам дека ме советуваа кога ќе одам во Германија да не пијам пиво ако ми нудат, да одбивам, бидејќи може да ме тестираат. Потоа кога видов дека таму е нешто нормално и секојдневно да се пие пиво, се опуштив. Во Германија е како традиција по победа или пораз, по натпревар или после тренинг задолжително во соблекувалната има гајба пиво. На почетокот ми беше интересно, потоа ми стана нормално, кај нив сè е на забава, на дружба, барем беше така во мојот клуб. Кај нас знаеме да кажеме дека треба „нешто да се заслужи“. Таму не е така, дури и во големи клубови како Кил. Игравме првенствен натпревар со нив, сала 10-15 илјади публика, амбиент, се на ниво, но после натпревар Дувњак донесе гајба пиво во соблекувална и сите пиевме заедно. Си велам: ’Чекај, па и тие се луѓе!’, се потсетува голманот и продолжува: „Што се однесува до публиката ние сме потемпераментни, повеќе се соживуваме со натпреварот, влегуваме со емоции. Кај нас е ’живот или смрт’, кај нив е забава, едноставно утре е нов ден и одат понатаму.“
Целосното интервју со Мартин Томовски прочитајте го во продолжение.
ИНТЕРВЈУ МАРТИН ТОМОВСКИ: Пораснав во Металург и Вардар, време е за интернационален пробив!