Велески: Промашените зицери нè чинеа пораз

Екипата на Прилеп не успеа да ја оправда фаворитската улога во Автокоманда, беше поразенa од Мулти Есенс со 31:30 во натпревар од 5. коло од Супер лигата.

Капитенот на Прилеп, Филип Велески, истакнува дека пресудно за поразот од новиот суперлигаш биле промашените удари во второто полувреме, а црвениот картон на Квастек бил дополнителен проблем за прилепчани.

,,Промашените зицери во вториот дел се покажаа како пресудни за денешниот пораз. Секако дека она што го подготвуваме пред почетокот на дуелот се наруши со црвениот картон на Томислав Квастек, кој е клучен играч во два правци. Сепак, ние го дадовме максимумот до последната секунда, се боревме, но за жал резултатот е таков како што е”, изјави Велески.

Следен предизвик за Прилеп е домашниот дуел против Голден Арт, кој денес доживеа пораз од Пролет.

Прилеп не успеа да стигне до бодови во Автокоманда, прв триумф за новиот суперлигаш

 

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126