Вардар со победа од плус 16 гола се загреа за Бенфика

Во градскиот дуел ракометарите на Пролет немаа никаква шанса против фаворитот Вардар кој на крајот триумфираше со „плус 16 гола“, 38-22 за задржување на лидерската позиција на табелата во Супер лигата.

За „црвено-црните“ ова беше меч за загревање пред заминувањето за Португалија каде во вторник треба да играат со Бенфика во Главната фаза од Лига Европа.

Одбраната на вардарци беше одлична, а голманот Васил Гогов имаше двфицфрен број одбрани и плус 2 седмерци. Новото засилување Педро да Силва даде 8 гола од 10 обиди како замена за Јака Малус кој доби „слободно“ на овој меч.

Уште во првото полувреме Вардар имаше предност од десет гола, па се беше решено. Пролет ќе разгрува за опстанок,

За Вардар останува уште едно коло од регуларниот дел од сезоната, следната недела гостуваат во Автокоманда, по што ќе продолжи разигрувањето за титулата, со дополнителни десет кола.