Вардар со пеколен втор дел го сруши Тиквеш среде Кавадарци!

По поразот од Порто во Лигата на Европа, ракометарите на Вардар се вратија на победничките патеки, откако славеа против Тиквеш во Кавадарци со 32-23 во натпреварот од 9 коло во суперлигашкото друштво.

Домаќинот одржуваше чекор со фаворитот, особено во првиот дел, а почна да попушта во средината на второто полувреме. „Црвено-црните“ доминираа во последните петнаесетина минути, а претходно кавадарчани успешно се носеа со гостите.

Ниту една од екипите немаше предност поголема од два разлика, на паузата беше 12-11 за Вардар, а клучната серија направена по негативата на гостите, 18-17. Со серија од пет погодоци избраниците на Владо Недановски го свртеа резултатот и поведоа со 22-18.

Домашните не можеа да се вратат во мечот, попуштија и со реализацијата, па Вардар ги казни сите грешки, и само рутински го доврши мечот за убедлива победа. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Маргели со осум гола, Крсманчиќ имаше шест реализации, додека во составот на Тиквеш, Анастасовски и Манасков имаа по пет погодоци.

Вардар му гостува на Порто во вторник, а следен предизвик во Супер лигата ќе му биде дуелот со Охрид, додека Тиквеш во следното коло ќе ја пречека екипата на Струга во Кавадарци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД880016
2ВАРДАР 1961980116
3ОХРИД870114
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР970214
5БУТЕЛ960312
6ТИКВЕШ 201493157
7ПРОЛЕТ82246
8ПРИЛЕП82155
9КУМАНОВО82064
10СТРУГА82064
11БИСИНОВ Ф. Л.91173
12РАДОВИШ90181