Уште еден вардарец нема да игра на ЕП!

По Милан Лазаревски, средниот бек Јака Малус е вториот ракометар на Вардар што ќе го пропушти Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Лазаревски се уште се нема вратено на терен по операцијата на рамото и ќе биде поштеден од Кирил Лазаров, додека словенечкиот бек има проблеми со повреда на мускулот, па нема да му се стави на располагање на Урош Зорман.

Покрај Малус, своето учество на континенталниот собир го откажа уште еден среден бек Митја Јанц од Висла Плоцк, па Зорман повика замена.

Станува збор за члеот на Целје, Андраж Макуц од Целје, но Зорман ги има Домен Макус, Домен Тајник, Алекс Влах…па нема да се почувствува отсуството на Малус и Јанц.

Претходно стана јасно дека по договорот на Зорман со ракометарите, ова ЕП ќе го пропушти триото Благотиншек, Мачковшек и Зарабец поради замор, а повредени се Тадеј Кљун и Матиц Грошељ.

Словенија ќе игра пријателски натпревари против Кувајт, Исланд, па Австрија или Франција пред ЕП, а на континенталниот собир ќе игра во група со Швајцарија, Фарски Острови и Црна Гора.