Уште еден пех за младинките: По Младеновска, и Мифтари го пропушта ЕП!

Селекторот Симе Симовски остана без уште еден адут за претстојното Европско првенство за младинки во Црна Гора.

По Ива Младеновска, која го откажа учеството поради повреда, пивотот Хана Мифтари исто така ќе го пропушти континенталниот собир.

Кружниот напаѓач на Чаир исто така имаше проблеми со повреди во текот на целата сезона, заработи и потрес на мозокот на еден од дуелите во Женската лига, па нема да биде подготвена за настап на ЕП.

Симовски смета на 25 ракометарки, 16 од нив ќе ги играат контролните натпревари против Хрватска денеска и утре, но сите остануваат во комбинација за настап на ЕП.

Македонија е во група со Унгарија, Чешка и Полска.