Унгарски судии за Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите во четвртото коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе се соочи со Спортинг Лисабон, а судиите доаѓаат од Унгарија.

Станува збор за Петер Хорват и Балаж Мартон, додека делегат ќе биде Црногорецот Предраг Павичевиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“, в среда на 9 октомври од 20:45 часот.