Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од првото коло од главната рунда во Лигата на Европа.
Ракометарите на Вардар ќе гостуваат кај Бенфика во Лисабон, а ЕХФ делегираше судии од Унгарија.
Станува збор за Балаж Мартон и Петер Хорват, додека делегат ќе биде Французинот Лоран Ревеје.
Натпреварот меѓу Бенфика и Вардар е закажан за утре, од 20:45 часот во „Луж Арената“ во Лисабон.


























