Удар за Мелсунген – се повреди Симиќ, играчите на раце го изнесоа од терен!

Црногорскиот репрезентативец Небојша Симиќ најверојатно ја заврши сезоната порано од предвиденото.

Тој се повреди на дуелот со Гумерсбах од Бундес лигата на десетина минути до крајот, кога поради болки во коленото остана да се витка на теренот.

По лекарската интервенција, на рацете на соиграчите беше изнесен од теренот, а германскиот „Билд“ пишува дека веројатно се работи за скинати лигаменти. Во вторник би требало да биде позната конечната дијагноза и должината на паузата.

Болницата во Мелсунген е голема. Покрај повредата на Симиќ, која може да биде удар за шампионските амбиции на Роберто Парондо, повреден е и вториот голман Адам Моравски, но тој би требало да се врати на теренот.

Друга опција за Парондо би биле ветеранот Карстен Лихтлајн, кој е тренер на голмани, но беше пријавен за секој случај, како и младиот Павел Кравчук.

Покрај Симиќ, некогашниот стратег на Вардар не може да смета ниту Арон Менсинг, Амин Дармул, Бруно Еикхоф, како и на Александре Калваканти и Арнар Арнарсон.