Tворците на големиот успех на Еурофарм Пелистер – Фарук Мемиќ и Кире Митревски

Во Букурешт во салата на Динамо, младинската екипа на Еурофарм Пелистер испиша историја и се пласираше на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Битолчани имаа убедливо издание и најпрво го исфрлија полскиот Келце, триумфирајќи со 37-29, а во мечот за пласман во Келн беа подобри и од домаќинот Динамо Букурешт со 37-36.

Покрај ракометарите, творци на овој голем успех на младинскиот македонски ракомет се двајцата тренери Фарук Мемиќ и Кире Митревски.

Тие подолго време работат заедно во младинските категории на битолскиот клуб и покажаа дека и Македонија може да се пофали со својот тренерски кадар.

Сега на ред доаѓа Ф4 во „Ланксес Арена“ и гигантите Веспрем, Барса и ГОГ Гудме.