ЖРК Ѓорче Петров внесе свежина на женската ракометна сцена со организацијата на меѓународниот турнир кој веќе три години го организира во претсезонскиот период.
Раководството на клубот веќе прави планови и за годинешното издание, а потенцираат дека се поголем е интересот од квалитетни екипи за учество на овој турнир со специфични услови за игра.
„Три години се одржува турнирот, оваа ќе биде четврта. Турнирот прерасна во добар меѓународен турнир, кој почна да привлекува внимание и на посилни клубови кои играат во Лига на шампионите, Европската лига. Специфични се и условите за игра, на отворено и сето тоа дополнително го прави привлечен. Имаме и добри екипи, лани осум учесници, со квалитетни натпревари… Организацијата е тешка, ја стартуваме веднаш по завршувањето на сезоната и сè е на наш грб, сами. Мислам дека сме успешни, нема друг турнир женски на отворено. Нашиот е формиран како пандан на Струшкиот турнир кој е за машки екипи и затоа овој во Скопје се одржува една недела пред тој во Струга. Ако имаме малку поголема помош и заинтересираност и од државата и од ракометните структури и спонзори верувам дека турнирот ќе биде уште посилен и на повисоко ниво,“ заклучува Ангел Велков.
Интервјуто со Ангел и Милева Велкови прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ АНГЕЛ И МИЛЕВА ВЕЛКОВИ: Ѓорче Петров се крена како феникс!