Познатиот турски стратег Сердар Сејмен, кој беше и селектор на машкиот национален тим, почина во текот на вчерашниот ден на 56-годишна возраст.
На полувремето од натпреварот меѓу Нилуфер Бурса и неговиот Спор Тото, Сејмен доживеа срцев удар.
Сите напори на медицинските лица да го спасат неговиот живот и во салата и на пат кон болницата, завршија неуспешно.
Сејмен своевремено беше дел од АСКИ Анкара, а покрај Спор Тото, го водеше и тимот на Селка Ескисехир.