Екипата на Куманово за вториот дел од натпреварувачката сезона 2024/25 се засили со три ракометарки.
Станува збор за Росана Павлова, Мила Мемов и Ангела Шехтанска, сите три во Куманово пристигнуваат од Скопје.
Сега тренерот Славиша Димитријески на располагање ќе има поголем ростер, во првиот дел од сезоната имаше речиси само една постава.
Куманово избори пласман во плеј-оф фазата и ќе посакува во остатокот од сезоната да се претстави во добро светло.