Трилер во Радовиш – три црвени картони, пенал по истекот на времето и поделба на бодовите!

Тимот на Радовиш, иако имаше плус два во финишот, 29-27, сепак не успеа да го совлада новиот суперлигаш Бисинов ФЛ, откако Ивица Илиев погоди по истекот на времето од пенал за реми, 29-29. Ремито е можеби најреален резултат бидејќи радовишани губеа и со пет погодоци, успеаја да направат херојски камбек, но погрешија во финишот кога беше најмалку потребно и сурово беа казнети за тоа. Новиот стратег на велешкиот тим, Владимир Глигоров, дебитираше со реми на клупата, а за Радовиш ова е прв сезонски бод.

Велешани поведоа уште во раната фаза на мечот со 6-1, па домашниот стратег Долдуров беше приморан да побара тајм-аут. Домаќините заиграа подобро во продолжение, почнаа да ја топат негативата и се вратија на минус два, 10-8.

Но Костадинов доби директен црвен картон поради еден старт над Тоше Ончев, па гостите го искористија тоа и се вратија одново на плус четири, 12-8, а таквата разлика ја задржаа до паузата, 15-11.

Предводени од одличниот голман Костадиновски, радовишани успеаја да се вратат во игра за позитивен резултат и израмнија на 18-18, па потоа беше полесно. Капитенот Постолов донесе прво водство на Радовиш, 24-23, кога остануваа да се играат уште десетина минути.

Домаќините останаа без уште еден играч во ротацијата, откако Васе Петров доби директен црвен картон по стартот на Никола Димитров. Во продолжение се играше гол за гол и велешани секогаш успеваа да израмнат по предноста на Радовиш.

На две и пол минути до крајот, гостите останаа со двајца играчи помалку по исклучувањата на Трајковски и Димитров, а тоа го казни Јанковски со голот од пенал за дотогаш највисоки плус два на Радовиш, 28-26.

Глигоров реагираше со тајм-аут, Бисинов ФЛ намали на 29-28, кога остануваа да се играат уште триесетина секунди. Сега беше ред на домашните за минута одмор, нападот не беше реализиран, па остана време за велешани.

Нивниот напад беше спречен непрописно од Виктор Марковиќ на една секунда до крајот, тој доби црвен картон, па следуваше пенал за Илиев, кој го реализира за реми 29-29 и по еден бод за двете екипи.

Капитенот на домашните, Здравко Постолов даде 13 гола, а шест пати стрелаше Славе Јанковски, додека кај велешани, капитенот Ивица Илиев постигна 12 погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД770014
2ВАРДАР 1961870114
3ОХРИД760112
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР760112
5БУТЕЛ850310
6ТИКВЕШ 201483147
7ПРОЛЕТ72236
8ПРИЛЕП82155
9КУМАНОВО82064
10СТРУГА82064
11БИСИНОВ Ф. Л.81163
12РАДОВИШ80171