Португалскиот среден бек Мигел Мартинс очигледно не се снајде најдобро во Динамо Букурешт и се чини дека е подготвен за нов предизвик во кариерата. Германските медиуми го „селат“ Мартинс во бундеслигашот Лајпциг.
Десното крило Доротја Фалувеги е новото десно крило на романскиот ЧСМ Букурешт. Унгарската интернационалка е без клуб по распадот на германскиот Лудвигсбург, а на лето екс членката на Ференцварош и Ѓер се сели во Романија.
Романскиот Рапид Букурешт, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја ангажираше Австријката Клара Шлегел, десен бек од германскиот Мецинген што одигра одлично на СП 2025.
Унгарскиот Дебрецин објави за потписот со полската репрезентативка Моника Кобилинска, која по само една сезона заминува од романската Глорија Бистрица. Кобилинска потпиша до 2027 година.
Бундеслигашот Гумерсбах објави дека е потпишан нов договор со исландскиот репрезентативец Елиди Видарсон, па кружниот напаѓач ќе остане во тимот предводен од Гудјон Валур Сигурдсон најмалку до 2029 година.