Десниот бек на Бенфика, Габриел Калваканти, заминува од Лисабон на лето и ќе има нов предизвик во кариерата. Тој се договори за трансфер во францускито Шамбери и ќе го напушти тимот на Хота Гонзалез.
Унгарскиот Естергом го продолжи договорот со стратегот Габор Елек, кој оваа сезона успеа да го внесе клубот во групната фаза од Лигата на Европа. Договорот со 55-годишниот стратег е до 2028 година.
Египетскиот репрезентативен голман Мохамед Ел Тајар на лето го завршува престојот во бундеслигашот Хамбург. Пред четири сезони беше поврзуван со Вардар, но тогаш се пресели во Лајпциг, а бранеше и за Балинген пред да дојде во Хамбург.
Амбициозниот романски тим Глорија Бистрица ги продолжи соработките со пивотите Каба Гасама и Јарослава Бурлаченко, левото крило Џенифер Гутиерез – сите потпишаа до 2028 година.
Словачкиот стратег Томаш Главати на лето ќе стане тренер на францускиот Брест Бретањ, откако се договори за тригодишна соработка. Тој претходно ги водеше Ростов Дон од Русија и норвешкиот Вајперс Кристијансанд.