ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Калваканти се сели во Франција, Главати го презема Брест, Ел Тајар заминува од Хамбург

  • Десниот бек на Бенфика, Габриел Калваканти, заминува од Лисабон на лето и ќе има нов предизвик во кариерата. Тој се договори за трансфер во францускито Шамбери и ќе го напушти тимот на Хота Гонзалез.
  • Унгарскиот Естергом го продолжи договорот со стратегот Габор Елек, кој оваа сезона успеа да го внесе клубот во групната фаза од Лигата на Европа. Договорот со 55-годишниот стратег е до 2028 година.
  • Египетскиот репрезентативен голман Мохамед Ел Тајар на лето го завршува престојот во бундеслигашот Хамбург. Пред четири сезони беше поврзуван со Вардар, но тогаш се пресели во Лајпциг, а бранеше и за Балинген пред да дојде во Хамбург.
  • Амбициозниот романски тим Глорија Бистрица ги продолжи соработките со пивотите Каба Гасама и Јарослава Бурлаченко, левото крило Џенифер Гутиерез – сите потпишаа до 2028 година.
  • Словачкиот стратег Томаш Главати на лето ќе стане тренер на францускиот Брест Бретањ, откако се договори за тригодишна соработка. Тој претходно ги водеше Ростов Дон од Русија и норвешкиот Вајперс Кристијансанд.