Тимот на Битигхјам, каде што брани репрезентативниот голман Мартин Томовски, и натаму е без пораз во Втората Бундес лига.
Битигхајм славеше на тешкото гостување кај Ферндорф со 27-26, иако на полувремето имаше негатива од четири гола, 16-12.
Македонскиот чувар на мрежата имаше пет интервенции на овој натпревар, а на голот беше во првото полувреме.
Битигхајм по седум кола има пет победи и две реми средби, односно 12 бода што е доволно за првото место на табелата.