Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски ја продолжи одличната форма во вториот дел од сезоната.
Потсдам загуби на гостински терен кај Рајн Некар Левен со 29-26, но Томовски долго време го одржуваше неговиот тим во битка за позитивен резултат.
Македонскиот чувар на мрежата запиша 12 интервенции, како и еден седмерец, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.
Потсдам водеше со четири гола во првиот дел, 7-3, но на пауза беше егал, 11-11, а во второто полувреме одново тимот на Томовски имаше плус три, 24-21.
Сепак домаќинот го засили темпото, постигна шест гола во серија за 27-24 и практично го реши прашањето на победникот.