На прославата на 20-годишнината од освојувањето на европската титула на Кометал Ѓорче Петров, сопственикот на клубот Трифун Костовски, сите титули на Кометал ги предаде на актуелниот женски шампион ЖРК Ѓорче Петров.
Ваквиот потег е чест и привилегија, но истовремено и обврска.
„Да, Трифун кажа дека титулите од Кометал Ѓ.П. ги предава на ЖРК Ѓорче Петров и дека би сакал традицијата да продолжи. Сите мислеа дека тоа е некоја награда, но јас мислам дека тоа е голем товар за клубот затоа што мора да го оправда тоа што го доби. Не добивме пехари, добивме само епитети, освоените титули од Кометал да останат во наследство на ЖРК Ѓорче Петров. Ние тргнавме на тој пат, свесни сме за притисокот и обврската која ја имаме, но пак ќе речам, на Кометал му требаа 11 години за да дојде до титулата, затоа имаме време“, смета Ангел Велков.
Целосното интервју со Ангел и Милева Велкови прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ АНГЕЛ И МИЛЕВА ВЕЛКОВИ: Ѓорче Петров се крена како феникс!