Ракометарите на Тиквеш ги решија дилемите и на едно коло до крај на регуларниот дел од сезоната изборија место во Топ-6 екипите кои ќе разигруваат за титулата. Во последниот домашен дуел го победија Куманово со 33-26 (15-11) и сега кавадарчани имаат 22 бода, со што се недостижни за конкурентите.
Нема да имаат шанса голема кавадарчани да се вмешаат во борбата за титулата бидејќи во моментов заостануваат 13 бода во однос на четвртопласираниот Охрид, и 20 бода во однос на лидерот Вардар. Но, важно е за „лозарите“ што нема да имаат притисок, ниту неровоза во продолжението, и ќе може да размислуваат за правење на тим кој ќе им треба за следната сезона.
И онака „десеткуваниот“ состав на домаќините беше ослабен и со црвениот картон на Томче Стојановски, кој го заработи на дуелот на почетокот на второто полувреме при резултат 16-11. Од почетокот на средбата домаќините имаа водство, кое го задржаа, рутински до крај на средбата.
Мартин Димовски беше „непогрешлив“ со реализација 9/9, а голманот Блчагој Панов со 13 одбрани исто така се истакна кај домаќините. Тоше Ончев постигна 10 гола за Куманово.
Куманово останува на делба на претпоследното место и заедно со Струга ќе се борат да го избегнат баражот. Заминаа многу странци од Куманово, па во продолжението ќе треба со оние што останаа да најдат начин да останат во Супер лигата.
За последното место кое води во плејофот ќе се борат Бутел и Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп. Разликата меѓу нив е само два бода, а има да се игра уште едно коло, следниот викенд.

























