Машката репрезентација на Македонија пред настапот на Европското првенство триумфираше на првата од двете контролни средби против Грција со три гола разлика, 33:30.
Македонија иако 20 минути беше во негатива, сепак, со одличната игра во последните десет минути од првиот дел направи пресврт и до крајот имаше активен резултат.
По одиграниот натпревар со јужниот сосед, репрезентативецот на Македонија, Филип Талески, даде своја анализа за прикажаното.
,,Треба да се поправат неколку работи, пред се во одбраната, во нападот и сега и на оној дуел против Црна Гора дадовме над 30 гола, можам да кажам дека во минатото Македонија не ја красело доста голови, сега дадовме многу, и покрај тоа што имавме промашени шутеви и технички грешки, но како што кажав, треба да се фокусираме на одбраната, знаеме со какви селекции играме и ако одиграме добра одбрана, ние ќе имаме шанси со секого. Ние не се подготвувавме со видео анализа за денешниот натпревар, фокусирани сме за првиот дуел на Европското првенство против репрезентацијата на Франција, која е актуелен олимписки шампион”, изјави Талески.
Македонија и Грција утре со почеток од 18:00 часот ќе го одиграат вториот контролен натпревар, кој ќе биде од затворен тип.
Велковски: Спремни сме за ЕП – борбено ќе го браниме македонскиот дрес