- Шпанецот Иманол Гарсијандија ќе остане во унгарскиот шампион ПИК Сегед и во наредните две сезони. На десната бековска позиција се уште и Кент Робин Тонесен и Лука Степанчиќ, кои исто така имаат договори до 2024 година.
- Хрватскиот шампион Загреб ангажираше нов лев бек. Испразнетото место по заминувањето на Матеј Хрстиќ ќе го пополни најдобриот стрелец на Горење, Алекс Кавчич, кој освен на левата, може да игра и на средната бековска позиција.
- Левиот бек Борут Мачковшек ја продолжи соработката со ПИК Сегед на уште две сезони, па словенецот ќе комплетира четири сезони во тимот на Хуан Карлос Пастор, по трансферот од Веспрем.
- Турскиот шампион Кастамону во продолжение од сезоната нема да смета на две ракометарки – Словенката Нина Жулиќ и Чехинката Сара Коварова. Кастамону имаше големи амбиции во ЛШ, но досега на осум меча нема победа.
- Десниот бек Андреас Седерхолм се враќа во шведскиот Кристијанштад по шест години откако потпиша договор на три сезони. Во меѓувреме, шведскиот десен бек играше за францускиот Тулуз, како и бундеслигашите Минден и Лемго.
- Словенечката репрезентативка Елизабет Оморегие е третата ракометарка со која романскиот шампион ЧСМ Букурешт ја продолжи соработката. По Дембеле и Неагу, и Оморегие се согласи на нов, едногодишен договор со ЧСМ.
- Францускиот лев бек Лео Рено Давид, кој досега играше за Бидасоа, потпиша договор со новакот во Асобал лигата, Торелавега. Рено Давид минатата сезона се врати во Бидасоа од романскиот Бакау, но очигледно не остави силен впечаток.
- Левиот бек Никита Лошчаков, кој минатата сезона ја мина во Младост Богданци, по само шест месеци заминува од Шпанија. Екс играчот на Мешков Брест, рускиот Таганрог, шпанската Виља Де Аранда ја замени со грчкиот Диомидис Аргус.
- Словачкиот првак Татран Прешов објави за продолжување на сорабтоката со 25-годишното лево крио Давид Михалка. Тој потпиша договор на уште една сезона, а претходно настапуваше за АГРО Тополчани.