Судиите ја гледаа снимката – и досудија гол за победа (ВИДЕО)

Средбата меѓу Вардар Неготино и Бутел заврши со триумф на скопјани од 22-21, а победникот беше решен во последните секунди кога пивотменот Владимир Јефтиќ постигна гол од центар на празниот гол на домаќините.

Судиите согласно Пропозициите ја прегледуваа снимката од спорната ситуација за да се утврди дали тој гол е регуларен. Имаше неколкуминутен прекин на средбата, протести од двете клупи, па судиите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски побара да ја погледната спорната ситуација и истата ја прегледаа на мобилен телефон. Потоа досудија дека голот е регуларен што значеше и победа на гостите од Скопје.

Во моментот кога Владимир Јефтиќ го упатува ударот кон празниот гол на Вардар Неготино, само со прстите на левата нога гази на линијата на центарот од игралиштетото. Истовремено поскокнува, и така упатува удар. Тој завршува во голот на Вардар Неготино.

Моментот кога Јефтиќ го постигнува победничкиот гол…

Ниту една екипа после натпреварот нема вложено жалба за материјална повреда. За истата потребно е да се уплатат и 60.000 денари за Натпреварувачката комисија да ја разгледува. А еден од членовите на Натпреварувачката комисија е и судијата Благојче Тодоровски кој ја делеше правдата на истиот натпревар.

Според Член 10 од Пропозиците „Доколку Натпреварувачка комисија има сознание или дојава за прекршување на правилата за игра, несанкционирани опасни прекршоци на одигран натпревар или груби дисциплински прекршоци, а за истите не се превземени соодветни санкции од страна на службените лица (судиите и делегатот), а со гледање на снимката од натпреварот утврди дека имало елементи за превземање на санкции а не се превземени, за прекршителите ќе поднесе пријава до Дисциплинска комисија на РФМ.