Тимот на Струга по ремито кај Пролет, немаше сили за нешто повеќе на гостувањето во „домашниот“ натпревар што се одигра во Автокоманда и загуби со 41-20.
Тренерот Кирил Лазаров им даде шанса на оние „сино-бели“ ракометари што досега имаа помала минутажа.
Победникот беше решен по првото полувреме, кога „сино-белите“ водеа со 20-9, а вториот дел беше само формалност.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Тордарсон со седум гола, како и Ѓорговски и Петковски со по пет погодоци, додека Кизиќ имаше 12 интервенции.
Во составот на Струга се истакна Наум Костов со четири погодоци.

























