Тимот на Струга ги засили своите редови пред стартот на битките за опстанок во суперлигашката конкуренција.
Стружани го донесоа левиот бек Олег Јорданов, кој досега настапуваше за „сино-белите“ и „витамините“ од Автокоманда. Претходно 20-годишниот Јорданов беше дел од Металург и Голден Арт.
Повратник во клубот е црногорскиот интернационалец Богдан Мијушковиќ, кој го мина првиот дел од сезоната во Струга, но не настапи на првите натпревари од пролетниот дел.
Сега ротацијата во тимот на Наум Танески е поголема, а со тоа и шансите за опстанок во елитата не се мали. На табелата, стружани се на 11 место, со два бода повеќе од последниот Радовиш и еден помалку од Борец ФЛ, што значи дека во плеј-аутот би можела да пренесе најмногу еден бод.
Во претстојното коло, Струга ќе го пречека Тиквеш во салата „Нико Нестор“ од 14:00 часот.